Црна хроника
Повеќе од 300 уапсени во глобалната истрага за детска порнографија
Во операцијата за пресекување на канал распространувањето детска порнографија, којашто е започната пред две години во Канада, уапсени се 348 луѓе низ светот.
Шефот на полицијата на канадската полиција во Торонто Вилијам Блер ноќта во петокот по македонско време објави дека се уапсени вкупно 348 луѓе, о кои 108 во Канада, 76 во САД и 164 во други земји од Шпанија до Австралија, по речиси тригодишната истрага водена за компанија од Торонто која дистрибуирала порнографија со деца.
„Истражителите ги загрижи бројот уапсени кои биел во близок контакт со деца. Меѓу уапсените се 40 учители, девет лекари и медицински сестри, 32 лица кои волонтирале во работа со деца, шест припадници на сили на редот, девет пастори или свештеници и три вдомувачи“, изјави на прес-конференцијата Џоана Биејвен-Дежарден, водител на одделот за сексуални злосторства во полицијата на Торонто.
Истрагата во којашто учествувале околу 30 национални полиции, меѓу кои и полициите на Австралија, Шпанија, ирска, Грција, Јуѓжна Африка, Хонгконг, Мексико, Норвешка и САД, довела до спасување на 386 деца, до коишто повеќето уште не биле влезени во пубертет, додала.
Полицијата почнала да ги истражува активностите на компанијата „Azov Films“ од Торонто и на нејзиниот сопственик Брајан Веј во октомври 2010 година која во 2011 година му донела приход од околу 4 милиони канадски долари. Според полицијата, 42-годишниот сопственик на компанијата, организирал снимање на голи деца на возраст од 5 до 12 години, кои се занимавале со гимнастика или други видови физичка активност. На таа основа филмовите со учество на децата би можеле да се сметаат за легални во Канада и во САД.
Притоа поштенската истражна служба на САД помогнала да се пребарува базата податоци на компанијата за да се дојде и до производителите и до консументите на детската порнографија.
Снимањата се одвивале во Германија, Романија и Украина. Кога е затворен сајтот Azovfilms.com, биле конфискувани 45 терабајти информации.
Меѓу луѓето коишто ги снимале децата се и тренер на јуниорска бејзбол екипа во американската сојузна држава Вашингтон кој направил повеќе од 500 филмови и вработен во училиште во државата Џорџија кој поставил камера во бањата за ученици за да ги слика нивните гениталии, изјавил инспекторот Џералд О’Фарел од поштенската истражна служба на САД.
Во истрагата се пронајдени повеќе од 350.000 фотографии и 9.000 видео снимки на сексуално злоставување на деца, а апсењата продолжуваат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.

