Црна хроника
Масовна тепачка избила по кавга на две девојки во ноќен клуб
Масовна тепачка, во која има повредени и приведени, избила во ноќен клуб во центарот на Скопје во саботата рано изутрина, по вербална расправија на две девојки.
Според податоците на МВР, инцидентот се случил во 03,15 часот во Скопје во ноќниот клуб „Социјал“, на плоштад Македонија.
При претходна расправија помеѓу две непознати девојки, две групи од по неколку лица се обиделе да ги раздвојат, но истото прераснало во тепачка која продолжила и надвор пред ноќниот клуб, стои во полицискиот билтен.
Тројца учесници во тепачката, И.Б.(18), С.С.(24) двајцата од Скопје и М.В.(21) од Битола, со возило на брза помош биле пренесени во градската болница.
Притоа им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се приведени во полициска станица, каде како учесник е донесен и Н.Н.(18) од Скопје
Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

