Црна хроника
Поранешен германски репрезентативец загинал во сириската војна
Поранешниот младински репрезентативец на Германија, Бурак Каран, загинал на страната на бунтовниците во сириската војна. Каран, во кариерата, која ја завршил во 2008 година играл за екипите на Баер Леверкузен, Херта, Хановер и Алеманија Ахен.
Каран, кој има турско потекло, во октомври се појавил на снимка на „You Tube“ од Сирија, а „Bild“, во понеделникот пренесе дека тој загинал во сириската војна, во воздушен напад на владините трупи.Каран, бил член на германските репрезентации до 15, 16 и 17 години, а меѓудругите соиграчи му биле Сами Кедира, Кевин-Принс Боатенг и Денис Аого. Кариерата ја завршил на 21-годишна возраст, откако и се приклучил на радикална исламистичка група. „Ми кажа дека не го интересираат кариерата и парите. Цело време на интернет бараше снимки од областите каде се војува и бараше начин како да им помогне и им испраќаше помош на браќата и сестрите“, ја пренесува „Bild“ изјавата на неговиот брат Мухамед. Бурук Каран загинал во селото Азиз на границата помеѓу Сирија и Турција. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

