Црна хроника
Повеќе од 2,3 тони кокаин запленети во Колумбија
Колумбиската полиција запленила вкупно повеќе од 2,3 тони кокаин во девет акции во земјата, објавија тамошните медиуми.
Според властите, операцијата била спроведена во крајбрежните западни департмани на Колумбија, Каука и Вале-дела-Каука. Вкупно биле уништени 14 тајни лаборатории за производство на дроги, каде што биле запленети 150 тони хемиски супстанции коишто се употребуваат за производство на кокаинот.
Минатата 2012 година, површините на коишто се сади растението кока во Колумбија се намалиле за 25 отсто, од 64 илјади хектари во 2011 година на 48 илјади хектари ланската година. Тоа претставува најзначителното намалување на површините за садење на коката од 2001 година, се вели во годинешниот извештај на Агенцијата при Обединетите нации за дрога и криминал.
Истовремено, кокаинот од Колумбија, Пери и Боливија и натаму е главниот нелегален транспорт кој јужноамериканските и мексиканските нарко картели го криумчарат во САД и во други земјите во светот.
Вообичаено колумбискиот кокаин се транспортира по поморски пат и по копно, преку Централна Америка прво во Мексико, а потоа во САД. Според податоците на Обединетите нации, во 2011 година во Колумбија биле произведени 345 тони од овој наркотик./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.