Црна хроника
Водач на руска банда осуден на доживотен затвор за 16 убиства
Водач на банда во Русија и двајца негови соучесници се осудени во вторникот на доживотни затворски казни поради 16 убиства, меѓу кои е и масакрот на 12 луѓе на една фарма во јужниот дел од земјата во 2010 година.
Сергеј Цапок, на 37-годишна возраст и членовите на неговата банда во 2010 година убиле локален фармер, неговото семејство, меѓу кои четири деца и нивните гости во селото Крушчевскаја во регионот Краснодар, образложи во пресудата судот.
Истрагата смета дека Цапок мислел оти убиениот фармер Сервер Аметов е вмешан во убиството на неговиот брат. Напаѓачите по убиствата ја запалиле куќата на Аметов за да ги сокријат трагите за злосторството.
На почетокот од ноември судот во Краснодар го осуди Цапок и пет членови на неговата банда за 16 убиства, за грабеж и за сексуално насилство. Двајца членови на бандата се осудени на доживотен затвор, двајца на 20-годишна затворска казна, а еден на 19 години.
Во текот на 2011 година Русија со 140 милиони жители ја имаше највисоката стапка на бројот на убиства, со повеќе од 13.500, според податоци на Обединетите нации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

