Црна хроника
Нема кој да плати за погребот на починатата Бугарка во Струга, трошоците се трупаат
Се трупаат трошоците на струшкиот суд оти веќе четири месеци нема кој да плати за погребување на бугарската државјанка, шеесет и двегодишната Павлина Христова – Панова.
Претседателот на струшкиот суд, Ади Усеини во интервју за „Академик“ вели дека судот нема пари, но ниту Судскиот буџетски совет, ниту Бугарската амбасада засега не одговараат на барањата на судот да се плати погребот.
Трошоците од ден во ден растат бидејќи телото се наоѓа во комората за замрзнување на битолската капела, за што судот плаќа по 1.640 денари дневно.
„Се обративме до Министерство за правда, а преку нив до Министерството за надворешни работи во очекување дека тие што побргу ќе искомуницираат со Бугарската амбасада и конзулат, но тие задоцнија многу, а ние за услугата од битолската капела плаќаме 1.640 денари на ден. После феријата ни се јавија оттаму, по што јас лично комуниницирав со бугарскиот конзул петнаесетина пати, му велам: ‘што ќе се прави, таа е ваша државјанка, не можете на судот да му правите проблем и онака си имаме доволно финансиски проблеми’. Се обративме до Судски буџетски совет да ни одобрат средствата, искомунициравме преку Министерството за правда и МНР и со Бугарската амбасада со цел тие да ги сносат трошоците. И еве уште чекаме одговор и од Судскиот буџетски совет и од Амбасадата. Телото си стои во фрижидерот, трошоците се зголемуваат, без средства не може да се погребе. Статус кво, никој не се занимава со овој проблем“, вели Усеини за „Академик“.
Павлина Христова – Панова беше пронајдена мртва во изнајмена соба во Струга. Обдукцијата покажала дека починала од мозочен удар, немала ниту лична карта, ниту патна исправа, а немала ниту блиски роднини во Бугарија кои се живи.
Трошоците за телото на Бугарката се непланиран трошок за судот, којшто се соочува со огромни финансиски проблеми. ЕВН и Македонски пошти веќе испратиле тужби до судот за неплатени сметки, па можно е „да му се суди на Судот“.
„Се молиме со претпријатијата за долговите на судот, но нормално доаѓа време кога тие поднесуваат тужби против нас: еве неодамна пристигна тужба од ЕВН за неплатени сметки. Имаме тужба и од Пошта, за доставата, се работи за огромни суми. И доколку идеме на суд, ќе се донесе пресуда, потоа најверојатно ќе дојде до блокирање на сметката, a за евентуалниот понатамошен развој на приказната ќе ве информирам дополнително. Во вакви ситуации единствена надеж ни е Судскиот буџетски совет“, вели претседателот на Судот.
Усеини е претседател на Судот од 2007 година. Во овој суд актуелни се кривичните предмети поврзани со малверзации со дивоградбите. Наскоро ќе треба да почне и судскиот процес против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко кој според обвинеието дозволил незаконска изградба на објект додека бил градоначалник./крај/академик/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

