Црна хроника
Скопјанец му се заканувал на адвокат и му зел 14.000 денари

Скопјанец му се заканувал на адвокат од Скопје и успеал да му земе вкупно 14.000 денари, соопшти МВР.
Уцените почнале уште во јули, кога скопјанецот се сретнал со адвокатот во кафулето „Лајк“ кај трговскиот центар Скопјанка. Под изгорвор дека не му завршил работа каде го застапувал како адвокат, му се заканил по живот и му побарал 5.000 денари.
Исплашениот адвокат му дал, а од тогаш се виделе уште трипати и скопјанецот успеал да му изнуди уште вкупно 9.000 денари на адвокатот.
Му највил дека за кратко време ќе му требаат уште 6.000 денари. Но, адвокатот ги пријавил заканите во полиција, па му дал 6.000 денари коишто биле крим-технички обработени.
Изнудувачот бил приведен и одреден му е 30-дневен притвор./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.