Контакт

Црна хроника

Приведени фалсификатори на евра и бугарски пасоши во полициската акција „Студент“

Објавено пред

Еден бугарски и пет македонски државјани на возраст од 24 до 58 години заработија кривични пријави за злосторничко здружување, фалсификување пари и патни исправи.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти полицијата, криминалната група фалсификуваните евра и фалсификуваните исправи ги набавувала од Р.Бугарија, а за нивна изработка и набавка бил задолжен пријавениот бугарски државјанин В.Г. Членот на криминалната група П.В. имал обврска во РМ да наоѓа и ангажира лица членови на здружението, кои ќе вршат превземање на фалсификуваните исправи и фалсификуваните евра од Р.Бугарија, потоа пронаоѓање на заинтересирани лица за фалсификувани исправи, како и пуштање во оптек на фалсификуваните евра во РМ и нивна понуда и продажба на лица во РМ или на лица државјани на соседните држави.

С.Г. и Д.К. биле задолжени за транспорт (пренос) на фалсификуваните исправи и парични средства од Бугарија до Македонија, како и понатамошно пуштање во оптек на фалсификуваните евра.А.К. и Б.К. биле задолжени за пронаоѓање на лица од земјава заинтересирани за набавка на фалсифкувани бугарски и македонски фалсификувани документи. Профитот кој го остварувале се состоел од процент од вредноста на банкнотата која ја продавале(25% до 30% од номиналната вредност), како и 200 до 300 евра од изготвена фалсификувана исправа (во зависност од видот, квалитетот и бројот на фалсификуваните исправи кои се изготвувале за едно лице), односно околу 200 евра за фалсификат бугарска возачка дозвола и лична карта. Цената за фалсификат лекарско уверение од македонски институции и фалсификатот уверенија за неосудуваност од македонски судови ја наплаќале во цената за целокупната постапка за добивање на бугарски патни исправи, или во одредени случаи посебно.Исто така без разлика дали се работело за фалсификувани документи (кој ги обезбедувале пријавените) или оригинални (кој ги обезбедувале лицата што сакале да аплицираат за бугарски исправи), за помошта/посредување при аплицирањето за легални бугарски исправи и други документи криминалната група наплаќале по најмалку 200 евра.

За време на спроведувањето на операцијата, под име „Студент“, заради обезбедување на докази беа спроведени претреси во домовите на пријавените лица како и контрола на возилата со кои криминалната група вршела транспорт на фалсификуваните документи и пари како и други оперативно тактички мерки, при што се обезбедени докази дека од страна на криминалната група, лани и годинава биле набавени 18 банкноти од по 50 фалсификувани евра и 33 банкноти од по 100 фалсификувани евра, со намера спротивно на законските прописи на Р.М, да ги пуштат во нелегален промет во РМ.

Со вештачење од НБ на РМ е потврдено дека одземените банкноти се фалсификувани.Исто така при претресите обезбедени се докази дека криминалната група во истиот период изработила, набавила, продала или употребила поголем број на фалсификувани бугарски и македонски документи за кои со вештачење е потврдено дека не се оригинални. Со горенаведените дејствија криминалната група се стекнала со имотна корист во вкупен износ од најмалку 2.010.000,00 денари.

Во рамките на меѓународната операција во Р. Бугарија беа лишени од слобода 9 лица членови на криминална група, запленети се 21 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра, фалсификувани лични документи и откриена е работилница за подготвување на фалсификувани документи во Бугарија.

Денеска беа преземени мерки и активности за лишување од слобода на 5 лица кои се кривично пријавени во Р.Македонија при што се пронајдени и приведени три лица, едно лице се наоѓа на издржување на мерка притвор за сторено претходно кривично дело, а две лица се недостапни за органите за прогонот. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Објавено пред

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријавени тепачки во Шуто Оризари

Објавено пред

Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).

Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево

Објавено пред

Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет3 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет3 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет4 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет4 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет5 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет5 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија5 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет6 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет6 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет9 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија10 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет10 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет15 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет16 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија17 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет17 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет18 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет19 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...