Црна хроника
Полицијата трага по убиецот на Џељо, мотивите непознати
Напаѓачот кој вчера го уби Џелал Ајети од скопско Ченто и рани уште едно лице е се уште во бегство. Од МВР соопштуваат дека трагаат по сторителот, а мотивите за вчерашното убиство официјално се уште не се познати.
Во петокот околу 17.45 часот, во скопската населба Ченто, маскирано и вооружено лице влегло во угостителскиот објект „Ролекс“, во сопственост на 46-годишниот Ајети и со автоматска пушка почнал да пука.
Ајети седел на маса со уште три лица, па во пукањето Ајети е смртно застрелан, а четириесет и деветгодишниот И.М. со прострелни рани во раката и ногата е пренесен во градската болница „Свети Наум Охридски“. Ова е второ убиство во последниве три години во истата чајџилница.
Пред три години таму беше убиено петнаесетгодишно момче, внук на сопственикот кој работел таму како келнер. Полицијата тогаш истражуваше дали станува збор за криминални пресметки и дали цел на нападот бил Џелал, а внукот таа вечер бил случајна жртва.
Неговата куќа беше цел на бомбашки напади на два пати, а во 2009 година беа разнесени паркираните автомобили. Во досието на Ајети стои и инцидентот што се случи во јуни 2008 година во кафуле на кејот на Вардар кога дојде до физичка, а потоа и вооружена пресметка помеѓу две криминални банди./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.