Црна хроника
На коњи шверцувале лед сијалици од Косово
Две непознати лица се обиделе да шверцуваат лед сијалици во црево и конектори за лед сијалици натоварени на коњи, од Косово кон Македонија, соопшти МВР.
На 28-ми ноември околу 19 часот на местото Плажа, атар на село Долно Блаце, од правец на Косово кон Македонија на околу 200 метри од државната граница, полицајци од регионаплниот центар за гранични работи Север биле забележани два коња натоварени со стока коишто ги воделе две непознати лица.
Полицијата ги предупредила, но непознатите лица ги пуштиле коњите и со трчање се изгубиле во густата шума која е веднаш до патеката по која се движеле.
Уште еднаш биле предупредени со повикот „стој полиција“, но биле длабоко навлезени во густата шума и се изгубиле од видикот на припадниците на граничната полиција.
Полицајците натоварените коњи ги однеле во полициската станица за граничниот премин Блаце, каде била растоварена стоката, при што било констатирано дека се работи за поголемо количество ткн „лед“ сијалици во црево и конектори за лед сијалици“.
Одземената стока е пренесена во просториите на регионалниот центар за гранични работи – Север, каде истата е сортирана, пребројана и со записник предадена во Бирото за пронајдени предмети во МВР, додека коњите се предадени на Управата за ветеринарство.
За инцидентот ќе биде поднесена кривича пријава за криумчарење против непознат сторител./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.