Црна хроника
Адвокатка од Битола со измама земала пари од клиенти
Кривична пријава за битолска адвокатка која во неколку наврати во својство на законски застапник, искористувајќи ја својата положба и овластување, од свои клиенти наплаќала пари за застарени дела, иако знаела дека за истите не постоел законски основ, како и за извршување услуги кои никогаш не ги направила. Истата не дала никаква потврда за парите па по пријава, од полицијата во Битола констатирано е кривично дело за кое осомничената ќе се соочи со соодветен кривичен поднесок.
Е.Х.К. (46) од Битола, адвокат во својство на законски застапник на лице од Битола по добиен судски спор со управител на фирма за должничко доверителни односи, од нејзин колега во име на клиентот примила 6.960 денари и истата го држела во заблуда дека парите ги нема исплатено. Таа побарала уште 2.500 денари за поднесување на тужба, иако знаела дека делото е застарено и дека не постои законски основ.
Во друг случај во својство на законски застапник на лицето Н.Н., од неговата мајка В.Н. побарала и примила 1.800 евра и 4.000 денари за поднесување на жалба по донесена пресуда, а за парите не и врачила никаква потврда и се уште не поднела жалба. Во септември, во канцеларијата на Е.Х.К. дошла В.Н. каде и била предадена потврда во ракопис со која е наведено дека на 17.07.2013 година на лице-вработено во затворот Битола, со кое Н.Н. бил во врска, и исплатила 1.500 евра за наводно нејзина ангажираност за извршени услуги во затворот, а како сведок потпишала непостоечко лице./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.