Црна хроника
Арсов: Не сум виновен за смртта на родилката, најновата експертиза го докажува тоа
Нов обид на велешкиот гинеколог Панче Арсов да докаже дека не е виновен за смртта на родилката Бојана Игнова, иако за делото Судот го прогласи за виновен и одлежа една година затвор.
Сега, откако ја има експертизата направена од Медицинскиот факултет во Љубљана, вели дека вистината излегла на виделина. Вината не е негова, тврди тој, одговорноста е во болницата која немала ангажирано 24 часа анестезиолог, јавува порталот Лисица.
„Од медицинската документација се гледа дека д-р Панче Арсов, го водел породувањето на покојната Бојанка Игнова во согласност со стручната доктрина и во согласност со објективните можности во дадената ситуација“, се вели во експертизата која денеска на новинарите им ја подели др.Арсов.
Во седумгодишниот судски спор Арсов барал вакво вештачење, но судот ценел дека е доволно само вештачењето на Институтот за судска медицина и супер вештачењето на судско медицинскиот одбор на Медицинскиот факултет.
„Судска медицина е институција која кажува за причината за смртта, а не за работата моја или за било кој друг доктор во специјалноста која постои“, рече др. Арсов.
Арсов поднел барање до Основниот суд во Велес за повторно отварање на случајот во кој тој беше прогласен за виновен. Сега на ред е судот. Тој до крајот на оваа година треба да се произнесе дали барањето се прифаќа или одбива. /крај/лсц/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.