Црна хроника
Ограбен автомат клубот Сенатор

Разбојник во петокот го ограбил автомат клуб „Сенатор“, лоциран на бул.„Октомвриска Револуција“ во Скопје, при што украл околу 200.000 денари.
Како што соопшти полицијата, разбојникот со фантомка на главата влегол во клубот и вперувајќи пиштол кон двете вработени, побарал да му ги дадат парите, во спротивно се заканил дека ќе пука.
Потоа им фрлил црна ќеса за да ги стават парите, а откако го зел пленот, побегнал.
Полицијата трага по сторителот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кумановец повреден во експлозија на плинска боца заборавена врз шпорет на дрва

Кумановец на возраст од 28 години е повреден и пренесен во болница, откако во неговиот дом во селото Доброшане експлодирала плинска боца.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во утринските часови на 5 декември, а според пријавеното, 28-годишникот запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.
Кумановецот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во камион на струмичанец пронајдени 19 мигранти од Авганистан и Пакистан

На магистралниот пат Штип – Велес, кај местото наречено Три Чешми, утрово полицијата уапсила струмичанец кој со камион „нисан“ превезувал 19 мигранти од Авганистан и Пакистан.
Претходно, возачот не застанал на знакот за запирање од полицајците и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и струмичанецот бил уапсен.
По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за тетовец кој крадел пари од домот на својот татко

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 25-годишник од овој град, кој се товари за кривично дело тешка кражба.
Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 15 септември до 6 октомври годинава, со нагоден клуч извршил тешка кражба во куќата на својот татко во село Јанчиште и одзел пари.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“