Црна хроника
Запленети 195 штеки цигари на Блаце
Обид за шверц на 195 штеки цигари спречен е во изминатиот викенд на граничен премин Блаце од страна на царинските инспектори од специјалната оперативна единица.
На граничниот за влез во Република Македонија за царинска контрола се пријавил автобус со турски регистарски ознаки, сопственост на турската транспортна компанија кој сообраќа на редовна линија од Република Косово за Република Турција и обратно. Во автобусот како член на посадата патувало и осомниченото лице – црногорски државјанин. На прашање од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи дали има нешто да пријави за царинска контрола осомничениот одговорил дека нема ништо за пријавување. При контрола на автобусот во сандакот кој се наоѓа веднаш зад задното лево тркало, пронајдени се 195 штеки цигари со косовски акцизни маркици покриени со кафеав картон. За пронајдените цигари осомниченото лице изјави дека се негова сопственост. Во спроведената предистражна постапка утврдено е дека осомниченото лице работи како член на посадата во турското транспортно претпријатие веќе два месеци. Лицето претходно, на 05.12.2013 година во Софија, Бугарија се договорил со лице бугарски државјанин да донесе цигари во Бугарија за кои би добил и парична награда откако ќе ги предаде истите. Според договорот осомничениот требало да ги предаде цигарите на лицето бугарски државјанин, на ден 08.12.2013 година. Осомничениот, цигарите ги набавил на 06.12.2013 година во Косово од лице косовски државјани. Истиот ден, ги отворил двата штрафа од сандакот кој се наоѓа веднаш зад задното лево тркало на автобусот и во него ги сокрил 195 – те штеки цигари, кои потоа ги покрил со кафеав картон. Цигарите не ги пријавил од причина што мислел дека царинските службеници нема да ги пронајдат. На ваков начин пријавениот со намера да стекне поголема имотна корист се обидел да пушти во акцизно-правен слободен промет тутунски добра-цигари без контролни маркички , со вкупна вредност од 119.925 денари при што избегнал плаќање на царина и други давачки ( царина, акциза и ДДВ) во вкупен износ од 180.815 денари.На сторителот му е одредена мерка притвор од 8 дена. Ова е прва изречена мерка притвор со примена на одредби согласно новиот Закон за кривична постапка. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

