Црна хроника
Пијан кумановец дивеел на бензинска пумпа и удрил полицаец
Пијан кумановец дивеел на бензинска пумпа во Доброшане при што најнапред кршел шишиња и инвентар, а пота удрил и полицаец кој бил повикан да интервенира.
Во полицискиот билтен е забележено дека во неделата во 22,30 часот во село Доброшане, кумановско на бензинската пумпа “Детоил“, Д.Ѓ.(34) од Куманово, откако се довел под дејство на алкохол почнал да крши шишиња, а потоа и инвентарот во локалот..Од страна на униформирани полициски сили излезено е на лице место, при што Д.Ѓ. физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Д.Ѓ. е приведен во СВР Куманово, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

