Црна хроника
Крадец врзал жена и ја малтретирал да му каже каде се парите, вкупно пет кражби за три дена
Крадец врзал жена и ја малтретирал се додека не кажала каде се парите. Ова е само една од петте тешки кражби што се случиле во последните три дена низ Македонија.
Инцидентот се случил во вторникот во 8 часот наутро во скопското село Булачани.
Крадецот ја нападнал жената со нож и кога се обидела да му земе ножот ја расекол.
Потоа, жената која била сама дома, ја врзал во гаражата и ја малтретирал се додека не му кажала каде се парите.
Украл 10.000 евра и 90.000 денари и избегал. За време на продолжениот викенд вечерта во неделата спрот понеделникот, на улица „Цветан Димов“ во Скопје, разбојник со погоден предмет влегол во куќа и украл 300.000 денари и златен накит, се во вредност од 360.000 денари.
Следната вечер, во понеделникот спроти вторникот во населбата Циглана во Гостивар, разбојник украл компјутер, монитор, пет тастатури, пет мауси и пет бокса за поврзување на монитори од основното училиште „Братство“.
Во вторникот се случиле во тешки кражби во Скопје и Гостивар. Крадецот во Скопје влегол преку прозорецот од бањата во стан на улица „Востаничка“ и украл златен накит во вредност од 400.000 денари.
Во Гостивар пак разбојникот со подесен алат го отворил балконскиот прозорец и украл 6.000 евра и златен накит.
Полицијата ги бара крадците./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

