Црна хроника
Расчистен уште еден случај на насилствата меѓу малолетниците во Скопје
Министерството за внатрешни работи расчисти и документираше уште еден инцидент од неколкуте кои се случија кон крајот на ноември во главниот град, а во кои беа инволвирани малолетни лица.
За случајот од вечерта на 25-ти ноември кога на автобуската постојка кај Бит пазар беше нападнат 18-годишник од Скопје, а потоа со метални предмети беше оштетен и возило на скопското Јавно сообраќајно претпријатие, кривична пријава заработи еден 16-годишник и уште засега неидентификувано лице, кои ќе одговараат за кривично дело „насилство“.
Сега пријавениот малолетник заедно со непознатото лице кривичното дело го извршиле на 25-ти минатиот месец во 20,50 часот, во автобус на ЈСП Скопје со број 50., на булеварот „Крсте Мисирков“, поточно на автобуската станица Бит пазар во централното градско подрачје. Имено откако нивниот 18-годишен сограѓанин по завршување на шестиот час во средното училиште „Михајло Пупин“ каде што учи, тргнал дома се автобусот, но кога автобусот пристигнал на автобуската постојка кај и стоп така средното училиште „Боро Петрушевски – АСУЦ“ се качила група на ученици при што веднаш почнале вулгарно и некултурно да се однесуваат и да ги провоцираат другите патници во автобусот.
Кога автобусот пристигнал на Бит пазар, момчето било нападнато од пријавениот и непознатото лица кои го удирале со тупаници во главата по што избегале од автобусот и со метален синџир го искршиле стаклото од задната врата на автобусот.
Пред неколку дена било извршено препознавање на малолетниот напаѓач за што се изготвени записници за препознавање на лица кое е аудио-видео документирано во присуство на адвокат и Јавното обвинителство за малолетници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.