Црна хроника
Двајца повредени во судирот на товарен и патнички воз кај Велес
Нема повредени патници во судирот меѓу товарен и патнички воз кај железничката станица „Рајко Жинзифов“, кој се случи во неделата неколку минути пред 18 часот, а со полесни повреди минале машиновозачот и кондуктерот.
Од ударот два вагонa излетале од шините. Лекарска помош на Клиника во Скопје им е пружена на машиновозачот и кондуктерот. Вработени во „Македонски железници“ велат дека тоа е стандардна постапка. Лекарите кај нив констатирале трауматски повреди.
Патниците кои патувале со возот кој сообраќал на релација Скопје – Гевгелија велат дека сѐ се случило многу брзо.
„Не знам што да кажам, сѐ уште сум во шок. Само што тргнавме од станицата, мислам дека возот одеше многу пополека и наеднаш почуствував силен удар. Сите патници реагиравме исплашено кога видов вагон излетан од пругата, сфатив за што станува збот. Страшно“, рече еден од патниците.
„Што да кажам сме имале среќа, во цела несреќа добро поминавме, штом нема жртви, штетата ќе се поправи“, изјавија за порталот Лисица дел од патниците кои биле во возот.
За патниците, но и за надлежните, нејасно е зошто двајцата машиновозачи железничката станица која има три колосека речиси во исто време ја напуштиле.
СВР Велес, екипи на „Македонски желзници – танспорт и инфраструктура“ направија увид на местото. Од него се очекува да се дојде до одговорот која е причината за, како што велат од МЖ, настанатиот вонреден настан.
Патниците кои беа во возот со автобуси беа пренесувани до местото каде што требаше да стигнат со возот кој удри во за среќа како што велат добро упатените, празен товарен воз.
Екипи на МЖ работат на оспособување на проодноста на пругата и се очекува дека во текот на денешниот ден сообраќајот ќе се нормализира./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

