Црна хроника
Пејачки од Албанија и БиХ затекнати во мотел во Зајас

Три Албанки и една Босанка кои работеле како пејачки во мотел во кичевското село Зајас биле затекнати викендов во акција што заеднички ја реализираа полициските службеници од граничната полиција-регионалниот центар Запад и полициската станица од Кичево, соопшти СВР Охрид.
Естрадните уметнички биле затекнати во мотелот „Лиридона“ во Зајас со непријавен престој, па изречена им е парична казна од 200 евра и забрана за влез во Македонија од шест месеци до две години.
Неодамна вакви акциски контроли беа реализирани во мотелот „Јони“ во струшкото село Велешта каде беа затекнати четири албански државјанки, како и во Кичево кога при контрола на угостителскиот објект „Стара централа“ со нелегален престој и нелегална работа беа затекнати две државјанки од Србија.
По поднесената прекршочна пријава ним им е изречена парична казна и забрана за влез во Македонија за време од една година./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.