Црна хроника
Две години затвор за поранешниот разузнавач Слободан Богоевски
Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски доби две години затвор за случајот „Агент“ во којшто шестмина, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Богоевски, двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец, беа обвинети за малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар Борис Трајковски.
По две години добија и адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валиќ, додека другиот адвокат Васко Томановиќ доби три години затвор.
Последните двајца обвинети, Даниела Трајковска и Ален Јегени добија условни казни.
На обвинетите им е укинат притворот до првосилноста на пресудата, Богоевски и двајцата адвокати минаа осум месеци во притвор.
Според МВР, сите се обвинети за перење на повеќе од милион евра, словенечки пари кои биле земени наводно за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Договорот бил веќе раскинат, а на земјиштето Словенците биле заинтересирани да го изградат комплексот „Меркатор“.
Поранешниот прв контратразузнавач Богоевски во случајот се јавува како приватно лице, консултант за наводно посредништво за раскинување на договорот со кипарската фирма.
Во меѓувреме, додека беше во притвор Богоевски беше прогласен за соработник на тајните служби, односно дека давал наредби за следење лица кои биле насочени „кон уривање на уставниот поредок на Македонија“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

