Црна хроника
Запленети речиси 140 кг марихуана скриена во даски
Полицијата во вторник вечер заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Делчево, спакувана во пакувања сместени во специјално изработени длабнатини во 56 даски.
Во акцијата се уапсени тројца велешани и еден скопјанец, а при претрес на овие лица откриени се алати за длабење на даските.
„Се работи за вкупно 280 пакувања марихуана за која се проценува дека вредноста на западноевропскиот пазар за каде што се претпоставува дека е наменета зависно од тоа дали би се продавала на мало или на големо може да изнесува од 600.000 евра до 1,5 милион евра“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

