Црна хроника
Струмичанец загина во бизарна несреќа во Хрватска
Возач на камион со струмички регистарски таблички загина во бизарна несреќа што се случи во близина на хрватскиот град Винковци.
Според хрватските медиуми, при разминување на камионот со македонски регистарски таблички и камионот со српски регистарски таблички, им се оштетил ретровизорот и на двата камиона.
По меѓусебна расправија, 57 годишниот Ѓ.О., возач на „шлеперот“ од Македонија, излегол од камионот и покрај десниот раб на патот се упатил кон другиот камион, но на него налетало возило „опел астра“ со вуковарска регистрација, управувано од 37 годишниот З.Л., кој по ударот во струмичанецот, удрил во задниот дел на камионот од Србија, при што на лице место загинале струмичанецот Ѓ.О., и возачот на автомобилот, З.Л. од Хрватска.
Српскиот возач останал неповреден. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамена 72-годишна штипјанка: лажен лекар и украл 2.600 евра
Вчера во 13:53 часот во СВР Штип, 72-годишна жена од Штип пријавила дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници.
Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

