Црна хроника
Кривични за три лица поради производство и продажба на наркотици

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.И. и една година помладиот С.С., поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
И во првиот и во вториот случај за кој кривична пријава заработија двајцата споменати, полицијата информациите ги добила од лица кај кои претходно при претрес нашла помали количества марихуана и кои кажале од каде ја купиле истата.
СВР Куманово, пак, поднесе кривична пријава против 37-годишниот Д.С. од Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори ,како и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При извршен претрес во јануари 2013 година во домот на пријавениот била пронајдена помало количество марихуана, семе од канабис сатива и 50 парчиња муниција калибар 9 милиметри.
Полицијата пријавениот го товари и дека на лице од Куманово во домот му овозможувал да користи дрога./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.