Црна хроника
Изречени пресудите за обвинетите во „Детонатор“
Доживотен затвор за обид за убиство, злосторничко здружување и насилство, пресуди во среда судијката Весна Димишкова за двајцата недостапни Сашко Стојчев и Симеон Михаилов, во процесот „Детонатор“.
Игор Горански е казнет со 13 ипол години. Година повеќе има Жан Железарски. 12 ипол му се одредени на Горан Божиновски, а 13 ипол на Јорданчо Михајлов. Стојан Паликрушев е казнет со 9 ипол години, а Тони Лесански со 8. Одговорни се за обид за убиство, злосоторничко здружување, насилство, лихва, измама.
Останатите се казнети со помали казни. Далибор Алексовски со 5 ипол. Горан Кузмановски со 4 ипол. Останатите од година до две ипол. Двајца се ослободени од обвинение.
Судијката Весна Димишкова, индиректно порача дека не се плаши од „поздравите“, односно заканите, што и ги упатувале посредници.
Осудените ќе останат во притвор, а задолжени се да исплатат околу 10 илјади евра- поголем дел на лицето кое го нападнале и помал дел на сопственичка на возило кое настрадало при нападот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.