Црна хроника
Наместо фискални давале бели ливчиња на наплатна рампа
Кривична пријава против двајца тетовчани вработени како инкасатори за наплата на патарина поднесе МВР поради сомневање дека наместо фискални сметки давале бели ливчиња, а парите од наплатената патарина ги задржувале за себе.
Во соопштението на СВР Тетово се наведува дека е поднесена кривична пријава против Ј.А.(52) од Тетово, инкасант за наплата на патарина во ЈП за државни патишта за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 24 септември и на 19 и 20 октомври 2013 година, пријавениот во повеќе наврати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња, а исто така еден ист фискален билет кој не бил подигнат го давал на друго возило, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе. Истовремено СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Џ.(45) од Тетово, инкасант за наплата на патарина во ЈП за државни патишта за сторено идентично кривично дело.Осомничениот се товари дека на 19 и 23 октомври 2013 година, во повеќе наврати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

