Црна хроника
Тирана: Дедо Мразовци ограбиле златарница
Четири лица во традиционални костуми на Дедо Мраз ограбиле златарница во центарот на Тирана, објави портпаролот на албанското министерство за внатрешни работи Флорио Сериани, пренесува AFP.
Со оружјето, кое им било сокриено под облеката, им се заканиле на сопственикот и неговата сопруга кои не пружале отпор. За кратко време ја наполниле вреќата со накит и скапоцени часовници и побегнале со мерцедес, кој неколку минути бил пронајден запален на два километри од местото настанот.Во канта за отпад во трговскиот центар во кој бил извршен грабежот пронајдени се две автоматски пушки.Сличен случај е забележан и во Призрен на југот на соседното Косово, каде во четвртокот наутро три вооружени лица во костуми на Дедо Мраз неуспешно се обиделе да ограбат златарница. Тие пукале и го раниле сопственикот и уште едно лице, пренесуваа албанските медиуми. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

