Црна хроника
Шест кривични пријави за производство и трговија со наркотици
СВР Битола и СВР Охрид поднесоа кривични пријави за шест лица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
А.М. (30) од Битола во периодот од февруари до јули 2013 година од непознато лице купувал наркотична дрога марихуана, по што истата ја препакувал во помали количини и ја продавал на зависници од Битола. На 04.07.2013 година во с.Дихово е извршен претрес во возило во кое се превезувал пријавениот при што кај него се пронајдени 0,9 грама наркотична дрога марихуана.
Кривична заработија и Д.Х (19) и Д.Р. (21) исто така од Битола. Првопријавениот од лице од Скопје набавил непозната количина дрога-марихуана, по што по брза пошта во три паковки ја пуштил во затворот во Битола на второпријавениот, со цел да ја препродава. При извршен претрес кај второпријавениот, пронајдени се 9,44 грама марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(25) од Гостивар. Во текот на август 2013 година, во Градиште-Охрид, при извршен претрес над пријавениот се пронајдени 11,8 грама марихуана, кој имал намера да ја консумира заедно со уште две лица, а пријавениот ја набавил од непознато лице од Гостивар за износ од 2.000 денари.
Кривична пријава и за Е.Н.(17) и И.Д.(18), двајцата од Струга. Во април 2013 година, на бул „Туристичка“ во Охрид при извршен преглед над возило управувано од второпријавениот, а во кое се превезувал и првопријавениот и уште четири лица се пронајдени 1,1 грама марихуана, 11 семки канабис сатива и две гранчиња канабис сатива, која е сопственост на пријавените, а истите имале намера да ја консумираат со останатите лица во возилото./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

