Црна хроника
Еден загинат, еден потешко, двајца полесно повредени при пад во бездна на Галичица
Едно лице го загубило животот, едно е потешко повредено, а две лица се полесно повредени при пад во бездна на планината Галичица.
Порталот OhridNews јави дека во понеделникот изутрината спасувачките екипи по пријава за случена несреќа започнале голема спасувачка мисија на планината Галичица во близина на црквичката Св. Ѓорѓија. СВР Охрид претходно соопшти дека се работи за албански државјани.На местото на несреќата која се случила на непристапен терен се упатиле екипи на Центарот за управување со кризи, тимот за спасување на планини и непристапни терени на Црвениот крст, полицијата, медицинска екипа и екипа на охридската противпожарна единица.„Во 11 часот добивме информација за инцидент кој се случил на планината Галичица. Спасувачката екипа на Црвен крст веднаш се упати на Галичица, се работи за непристапен терен каде во моментов се одвива акција за спасување. Од она што знаеме се работи за две лица кои се повредени, а според последните информации добиени од службата итна медицинска помош и ЦУК наводно едното лице подлегнало на повредите“ изјави Сашо Точков од Црвен крст Охрид.Снегот, непристапниот терен и лошите временски услови го отежнуваат одвивањето на спасувачката акција, посочи Точков. Тој истакна дека една спасувачка екипа ги згрижила повредените на кои им била пружена неопходна помош и тие се на пат за Охрид, каде ќе бидат преземени од соодветните служби.Според последните информации двајцата полесно повредени минале со незначителни повреди и се наоѓаат во состојба на шок.На местото на несреќата во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди околностите кои довеле до трагедијата. /крај/ох/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

