Црна хроника
Украдени евра, накит и лаптоп од куќа во Куманово

Крадец украл евра, накит и лаптоп од куќа во Куманово, соопшти полицијата.
Според истиот извор, кражбата се случила во понеделникот во периодот меѓу 15,00 до 20,00 часот, кога арамијата насилно отворил еден од прозорите, влегол внатре и одзел 2.500 евра, разновиден златен накит (бурма, прстени, нараквица, ланче) и еден лап-топ „Acer“, со што причинил материјална штета од околу 314.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна незгода во Дебар

Вчера околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата „Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
Црна хроника
При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа.
Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Србија, изгубил контрола и паднал на автопатот Скопје-Велес

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, 43-годишниот М.М. од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.