Црна хроника
Македонец уапсен на Батровци со над 23 килограми хероин

Во заедничка акција со полициските службеници при контрола на граничниот премин Батровци со помош на скенер српската царинска управа открила вкупно 23 килограми и 320 грама хероин во возило со германски регистарски таблички кое било управувано од германски државјанин со потекло од Македонија, соопштуваат од управата.
Припадниците на полицијата прво се посомневале дека има нешто скриено во возилото по што одлучиле да го стават на скенер каде било откриено дека под резервното тркало има скриен професионално изработен бункер каде се наоѓале 24 пакети со дрога, а исто толку биле откриени и под крилата на автомобилот.
Со наркотичен тест кој веднаш бил направен на местото се покажало дека станува збор за опојна дрога хероин.
Осомничениот веднаш е предаден на почициските службеници и во тек е истрага за случајот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.