Црна хроника
Две тешки кражби изминативе два дена во Скопје
Непознат сторител со погоден предмет во средата успеал да влезе во станот на С.Ѓ. (62) на улицата „Коста Новаковиќ“ во Скопје и оттаму си заминал со богат плен.
Разбојникот одзел пиштол, паричник во кој имало 1.000 евра и разновиден златен накит.
Во друг грабеж кој во четвртокот пак се случил на улицата „Хелсинки“ во Скопје, арамија влегол преку незаклучената врата во домот на Д.А.А (58) од каде си заминал со лаптоп компјутер и разновиден златен накит.
Арамијата се стекнал со противправна имотна корист од околу 220 илјади денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

