Црна хроника
Разбојник насилно одзел возило, направил сообраќајка па избегал од местото

Со употреба на сила разбојник на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје од лицето 29-годишник одзел моторно возило марка „тојота авенсис“ со скопски регистарски таблички, соопштуваат од МВР.
Според информациите на полицијата, лицето претходно имало поголема расправија со девојка која откако го одзел возилото со употреба на сила ја внел во автомобилот и го напуштил местото.
Кратко време потоа разбојникот направил сообраќајна несреќа.
Удрил во друго патничко возило со скопски регистарски табли во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“, управувано од 40-годишен тетовец при што двајцата негови сопатници се здобиле со повреди и веднаш биле пренесени во ГОБ „8 – ми Септември“.
Сторителот избегал од местото на несреќата, но по кратко време на булеварот „Октомвриска револуција“ при интервенција на припадниците на полициската единица „Алфи“, бил приведено заедно со девојката.
Станува збор за лицата идентификувани како С.Д.(27) и Ш.Д.(31) и двајцата од Скопје.
Следи целосно расветлување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.