Црна хроника
Ново убиство на американски универзитет

Студент им подлегнал на повредите здобиени во пукање во универзитетскиот кампус во градот Оринџберг во американската сојузна држава Јужна Каролина.
Како што пишува Associated Press повикувајќи се на администрацијата на универзитетот, пукотниците се случиле во универзитетскиот интернат ноќта кон саботата. Според полицијата, станува збор за четворица напаѓачи коишто побегнале од кампусот.
Полицијата трага по сторителите, а мотивите за злосторството засега не се познати.
И покрај тоа што напаѓачите избегале до територијата на универзитетот, полицијата го блокирала кампусот, како што соопштиле локалните власти, поради сомневањето дека осомничените може да се вратат на местото на злосторството. Универзитетските власти прогласиле тревога и ги повикале студентите да бидат претпазливи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со запалена хартија од јајца потпалил сува трева и предизвикал пожар во Ѓорче Петров

Обвинителството побара притвор за 57-годишниот маж кој предизвика пожар во Ѓорче Петров.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје.
Имајќи ја предвид заканата и тежината на кривичното дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, јавниот обвинител оцени дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајка кај Бит Пазар, возило удри во велосипедист

Автомобил удри во велосипедист на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар.
Според очевидци, велосипедистот е повреден, а на асфалтот имало траги од крв.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Црна хроника
Дрога, дигитална вага и мобилен телефон пронајдени во ќелија во затворот во Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон во сопственост на пријавениот.