Црна хроника
Во пукањето во Мериленд убиени двајца продавачи, напаѓачот се застрелал
Во пукањето во популарниот трговскиот центар „Columbia Mall“ во градот Колумбија, во американската сојузна држава Мериленд, на 48 километри од главниот град на САД, убиени се двајца продавачи, маж и жена, додека напаѓачот најверојатно се застрелал, соопшти на прес-конференција, началникот на полицијата во округот Хауард, Вилијам Мекмахон
„Не ги знаеме мотивите. Но убедени сме дека станува збор за еден напаѓач“, рекол Макмехон, пренесува Reuters.
Инцидентот, како што беше објавено претходно, се одиграл по 11 часот по локално време во близина на продавница со скејтерска опрема „Zumiez“, а во близина на еден од загинатите биле пронајдени пушка и муниција. Полицијата верува дека станува збор за напаѓачот, и работи на негово идентификување ноќта кон неделата. Кога припадниците на специјалната полициска интервентна единица пристигнале на местото на настанот, лицето веќе било мртво. Се претпоставува дека напаѓачот откако го извршил двојното убиство, се самоубил.
Двете жртви се идентификувани како 21-годишната Бриана Бенлоло и 25-годишниот Тајлер Џонсон.
Според полицијата, сторителот најверојатно немал соучесници, но сепак, полицијата и во продолжение на денот продолжува со проверка на сите продавници во трговскиот центар кој ќе биде затворен до следното утро. Властите сепак тврдат дека во моментов граѓаните не се загрозени.
Медиумите јавуваат дека на местото на убиството се паркирани повеќе амбулантни и противпожарни возила, а трговскиот центар го надлетува хеликоптер за случај на потреба од итан евакуација на луѓе. Пет лица со различни степени на повреди биле примени во блиската болница, но според полицијата тие не биле повредени при пукањето, туку кога во паника го напуштале местото на инцидентот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

