Црна хроника
Вработена во McDonald's продавала хероин во детски оброци
Властите во американскиот град Питсбург подигнаа обвинение против вработена во тамошниот ресторан за брза храна од глобално познатиот синџир „McDonald’s“, којашто продавала хероин во комплетите со детски оброк „Happy Meal“.
Како што изјавил за Associated Pres портпаролот на обвинителството на Питсбург, Мајк Манко, 26-годишната продавачка Шанаја Денис била откриена благодарејќи на информации добиени од полициски поткажувачи. Тие на локалната полиција ѝ дошепнале дека бладата жена тргува со хероин директно во ресторанот „McDonald’s“.
За да се купи дрогата доволно било клиентот да се довезе до шалтерот и да ја изговори лозинката „Би сакал да нарачам играчка“. Потоа клиентите ѝ давале пари на Денис и добивале кутии со оброкот „Happy Meal“ во кој наместо храна и играчка имало дрога.
Глумејќи еден од заинтересираните клиенти, полициски службеник ѝ се обратил на Денис барајќи десет „оброци“ хероин, по што таа била уапсена. При претресот биле пронајдени уште 50 оброци со дрогата. При апсењето Шанаја изјавила дека таа не е вмешана во трговијата со дрогата.
Властите, пак, објавија дека хероинот пронајден во пакетите со оброци во ресторанот не е поврзан со хероинот „зачинет“ со фентанил кој се смета дека предизвикал 22 смртни случаи со предозирање во југозападниот дел на сојузната држава Пенсилванија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.