Црна хроника
Кривична пријава за шест лица поради производство и продажба на наркотици
Во автомобил на жител од Крива Паланка, во понеделникот, при извршена контрола полицијата пронашла 0,12 грама марихуана, информираат од МВР.
Полициската станица во Делчево поднесе кривична пријава против дваесет годишниот Ј.Б. за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет нарктоични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Во Битола, пак, во понеделникот, при извршен претрес на малолетници од страна на полициски службеници бил запленет 0,1 грам марихуана.
Малолетниците, во истрага на полицијата, откриле дека лицата Ф.П.(19) и Ѓ.Л.(19) им ја продале за износ од 300 денари по што подрачната полициска станица поднела кривична пријава за обвинетите за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
СВР Битола поднесе кривична пријава и против У.М.(39) од Битола, за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни средства за лечење“.
На 04.10.2013 година, во Битола, при извршен преглед над две лица откриени се и одземени таблети „тромадол“, кои за одреден паричен надомест ги набавиле од пријавениот.
На 16- ти истиот месец полицијата извршила преглед во домот на пријавениот од каде се одземени 59 таблети „дијазепам“.
За кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет нарктоични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(25) и Б.Е.(34).
На 06.07.2013 година, во Штип, во куќата на Б.Е, Б.Д. им овозможил да користат марихуана на Б.Е. и друго лице исто така од Штип./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

