Црна хроника
Полицаец од Штип продавал нелегални огревни дрва
Полициски службеник од Штип со закани и злоупотреба на службената должност продавал дрва при што се стекнал со противправна материјална корист од 448 илјади денари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Г.П. (39) заработи кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ откако претходно бил пријавен дека во периодот од 2009 до мај 2011 година со закани во повеќе наврати на И.С. од село Калаузлија му продал 100 метри нелегално сечени огревни дрва за цена од 2.000 денари по метар кубен.
Пријавениот во 2013 година во соработка со лица од село Радање организирал дотур, транспорт и превоз на нелегални огревни дрва до купувачите за цена од 1.500 до 2.000 денари за метар кубен, а пет метри кубни огревни дрва им продал и на две лица од село Радање по цена од 2.000 денари за метар кубен./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

