Црна хроника
Непознати сторители ограбиле полски државјанин
Во саботата година околу 03,00 часот во Скопје во непосредна близина на Плоштад „Македонија“, од страна на двајца засега непознати лица извршено е разбојништво над М.С.(1989) од Полска, при што му е одземен паричник во кој имало: лична карта издадена од Полска на негово име, кредитна картичка од Англиска банка „Барклејс“, картичка за осигурување од Англија и околу 7.000 денари во разни апоени.
Откако оштетениот ги пресретнал за да ги праша каде може да најде такси, бидејќи е прв пат во земјава и е од Полска, едното од лицата со рацете го фатило за телото и почнало да го турка и сопнува на земја, а откако успеал да го турне го држел со рацете за да не мрда, додека другото лице почнало да го претресува и од задниот џеб од фармерките му го одзел паричникот, а потоа со трчање се упатиле во непознат правец. ПС-Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

