Црна хроника
Извршител од Охрид осомничен за злоупотреба на овластувањата
Охридската полиција поднесе кривична пријава против лицето Д.Ф.(58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ .
Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид, бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и заменување на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“. Тоа го направил постапувајќи по предмет по барање од доверителот АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија. Такви извршни дејствија, пријавениот планирал да преземе и во други три станови иако уредно бил запознаен дека за истите Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.