Црна хроника
Во сообраќајна несреќа загина адвокат од Велес

Никола Димов, адвокат од Велес, утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Неготино – Велес во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“.
Засега непознати се причини зошто возилото со кое управувал Димов во четвртокот околу шест часот и 15 минути излетало од автопатот кај местото „Летиште“, информираат од СВР Велес.
Од таму известуваат дека за несреќата во полиција било пријавено од случајни минувачи кои и соопштиле на полицијата дека возило марка „Мазда“ со велешки регистарски таблички излетало од автопатот и се превртило.
Основен јавен обвинител од Кавадарци и увидна екипа излегоа на терен и направија увид на местото на несреќата, по што телото на загинатиот Димов е предадено на семејството.
Никола Димов е роден 1963 година во Велес.
Тој беше познат адвокат кој претходно неколку години ја извршуваше функцијата јавен правобранител за општините Велес и Неготино./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.