Црна хроника
Спречен обид за шверц на 40 илјади евра
Специјалните единици при Царинска управа, во четврток на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално внесување на 40 илјади евра.
На 6-ти февруари 2014 година, на граничниот премин Табановце, околу 3 часот попладне, за влез во Република Македонија се пријави автобус со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонска фирма – превозник, што сообраќал на линија Брисел-Скопје.
При царинска контрола на автобусот и патниците, кај еден од патниците, белгиски државјанин со иницијали Ф. А., специјалните единици од Одделението за оперативни работи пронајдоа 50 илјади евра. Непријавените девизи лицето ги сокрило во торбичка која ја носел на себе и во внатрешните џебови од палтото.
Со ова, согласно Законот за девизно работење (што предвидува дека нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства и чекови во висина од 10 илјади евра, а секој износ над овој треба да се пријави) сторен е девизен прекршок. Согласно Законот, на белгискиот државјанин вратени му се 10 илјади евра, додека останатите 40 илјади евра привремено се задржани. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

