Црна хроника
Македонски камионџија уапсен на Батровци во обид да шверцува 137 килограми марихуана
Двајца македонски државјани, Севим а. И Исмаил.А., уапсени се во саботата вечерта на граничниот премин Батровци откако со камион, со македонски регистарски таблици, во кој бил изработен специјален простор се обиделе да шверцуваат 137,950 килограми марихуана, соопштува „Телеграф.рс“.
Марихуаната била сместена во 64 спрецијално изработени дрвени штици со шуплини кои служеле како носачи на церадата од камионот.
Вредноста на пронајдената марихуана се проценува на околу 600 илјади евра и според информациите од полицијата дрогата била наменета за илегалниот нарко пазар во западноевропските земји.
На осомничените им е одредена мерка притвор од 48 часа по што ќе бидат предадени на надлежниот Висок обвинител во Сремска Митровица./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.