Црна хроника
Четириесет навивачи нападнале малолетници во автобус во Скопје
Група од 40 лица членови на навивачката група „Комити“ околу 17 часот во автобус кој сообраќал на линијата број два без повод и причина нападнале неколку малолетни лица и го оштетиле автобусот, соопштуваат од МВР.
За време на натпреварот на ракометните екипи на „Вардар“ од Скопје и „Динамо Минск“ од Украина, кој се одржуваше во СЦ „Борис Трајковски“ повторно дошло до нарушување на јавниот ред и мир по меѓусебна пресметка на две групи од редовите на навивачката група „Комити“ кои фрлале ситни предмети кон теренот и гледалиштето.
По интервенција на полициските службеници, група навивачи почнале да ги навредуваат и омаловажуваат по што едно лице од групата извадило цврст предмет и со него погодило еден полициски службеник во глава од што полицаецот се здобил со видлива телесна повреда
По преземени мерки во врска со двата настана приведени се 21 лице од кои 12 малолетни.
Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

