Црна хроника
По „филмска“ бркотница спречен обид за нелегален превоз на мигранти
Специјалните единици на Царинската управа од Одделението за оперативни работи во вторникот околу 1 часот по полноќ, на патниот правец Гевгелија-Неготино спречија обид за нелегален превоз на девет мигранти, соопштуваат од Царинската управа.
Откако се обиделе да го сопрат патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, поради сомневање дека возилото пренесува нелегална стока, возачот на возилото прво ги игнорирал наредбите, а потоа скршнал од автопатот при што продолжил да се движи со голема брзина по стариот пат Градско-Велес.
Со помош на Министерството за внатрешни работи, со цел координирање и заедничко сопирање на возилото, по получасовна драма во близина на Велес, возачот на возилото нагло запрел на нагорнина при што излегол и се дал во бегство оставајќи го возилото неконтролирано да се движи наназад при што истото со задниот дел удрило во службеното царинско возило, по што го сменило правецот на движење и излетало надвор од патот.
Откако конечно запрело од просторот наменет за патници како и од багажниот простор почнале да излегуваат патници, илегални мигранти со потекло од Пакистан, Сирија и Авганистан, и кои според првичните сознанија, по нелегален пат се обидувале од Грција, преку Македонија и Србија да заминат кон западноевропските земји.
Mигрантите веднаш се задржани, а по пристигнувањето на полициски службеници од СВР Велес и припадници на Граничната полиција истите им се предадени на нивно понатамошно постапување./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.