Црна хроника
Вкупно 610 возачи казнети викендот во Скопје
Зајакната сообраќајна контрола на подрачјето на Скопје беше спроведена во текот на изминатиот викенд спроведе при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 610 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Притоа, алкотестирани беа вкупно 241 возач а кај 71 возач е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 40 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, додека пак без возачка дозвола управувале 24 возачи. Кај 27 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, биле идентификувани две технички неисправни возила. Исто така, 120 возачи управувале возила со над дозволената брзина, а од нив 40 возачи управувале возило со над 90 километри на час во населено место. Наедно изречени се 17 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 18 прекршоци за зборување на мобилен телефон, пет прекршоци на пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, четири прекршоци за непрописно престројување, 14 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 181 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, пет прекршоци за возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци, а со пајак возило подигнати се 125 возила. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Загина пешак кај Струга, во него удрил камион
Седумдесет и петгодишен пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 06:30 часот на магистралниот пат Подмоље- Струга.
Според информациите на СВР Охрид, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата.
Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.
Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
Топ
25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило „бмв“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.

