Црна хроника
Тешко ранет жител на Желино во Тетово
Жител на Желино се здобил со убодна рана во стомакот, откако бил физички нападнат од неколку непознати лица во центарот на Тетово, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во четвртокот вечерта на улица „Маршал Тито“ во Тетово, кога од страна на неколку непознати лица физички бил нападнат, а потоа со нож му била нанесена убодна рана во пределот на стомакот на Б.С.(21) од с.Желино, тетовско.Повредениот, поради сериозноста на повредите е пренесен во Клинички центар Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност. Се преземаат мерки за откривање на сторителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

