Црна хроника
Спречен шверц на 24 тони фалсификувани шампони
Македонските цариници во четвртокот на Граничниот премин Богородица спречија шверц на фалсификувани шампони.
Како што соопшти Царината, на 13 февруари 2014 година, околу 13 :30 часот, на граничниот премин Богордица за транзит низ Република Македонија се пријави товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од унгарски државјанин. За транзитна постапка пријавени се 81.984 парчиња шампон за коса од познатата трговска марка, спакувани во 1.700 кутии, со вкупна тежина од околу 24 тони. Стоката е со потекло од Кипар, наменета за фирма увозник од Виена, Австрија.
При прегледот на документите и возилото, царинските службеници забележале дека покрај несоодветниот транспорт, несоодветната рута на движење, ниската фактурна вредност, несоодветен е и начинот и методот на кој се спакувани шампоните.
Поради основано сомневање во оригиналноста на стоката, истата е привремено задржана. Постапувајки по Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектулана сопственoст, Царинската управа го извести застапникот во Република Македонија на носителот на право од интелектуална сопственост на запленетата стока. По увидот во фактичката состојба, застапникот го потврди сомневањето дека се работи за фалсификувана стока, при што согласно законските одредби е започната постапка за докажување.
Според неофицијални сознанија, стоката во пристаништето во Атина е претоварена во камион со цел да биде транспортирана до Виена, од каде требало да биде дистрибуирана на западноевропскиот пазар. Доколку стоката би се продавала како оригинал нејзината вредност би изнесувала повеќе од 200 илјади евра.
Оваа заплена претставува една од најголемите заплени во изминатите години во регионот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

