Контакт

Црна хроника

Затворени четири спортски обложувалници поради работење без лиценца

Објавено пред

Управата за јавни приходи затвори четири спортски обложувалници во Липково поради нелегално работење без лиценца и без фискални сметки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Куманово и Државниот инспекторат при УЈП во саботата спроведоа акциска контрола во четири спортски обложувалници на подрачјето на Општина Липково и тоа во селата Оризаре, Отља, Матејче и Опае при што било констатирано дека сите објекти работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерство за финансии, односно не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа, ниту, пак, имаат фискални каси.

Против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека, пак, од страна на УЈП ќе бидат изречени соодветни глоби. крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

14-годишно дете возејќи мотор се судри со автомобил во Кочани, две лица се во болница

Објавено пред

Четиринаесетгодишник управувајќи мотор се судри со автомобил доцна синоќа на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани.

„Несреќата се случи помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник од Кочани“, информираат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот 17 годишен сопатник од селото Горни Подлог, кои по укажаната лекарска помош во здравствена установа Кочани се префрлени во Клинички центар Штип. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Кочани.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Деца во Охрид украле 14 велосипеди

Објавено пред

Тешка кражба на 14 велосипеди во Охрид заврши со кривична пријава за пет лица од овој град, од кои четврорица се малолетни на возраст од 15 години.

„Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21 јуни до 17 ноември на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди, дел оставени необезбедени, а дел одземени откако со подесен алат ги отстранувале безбедносните бројчаници и сајли“, информираат од МВР.

На тој начин, тие се здобиле со противправна имот корист во вкупна вредност од 206.018 денари.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Три лица повредени во тешка сообраќајка во Тетово

Објавено пред

Три лица завршиле со повреди, од кои едно со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера во селото Лешок.

Во несреќата учествувале товарно моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Желино, и патничко моторно возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(67), со сопатничка Ш.А.(59), двајцата од с. Непроштено.

„По несреќата, тие се пренесени во Клиничка болница Тетово каде им се констатирани повреди на возачите Н.Р. и Н.А., а на сопатничката Ш.А. и е констатирана тешка телесна повреда. Увид на лице место изврши екипа од СВР Тетово“, информираат од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет3 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија3 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија4 часа

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет5 часа

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија22 часа

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија23 часа

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија1 ден

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија1 ден

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија1 ден

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет1 ден

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет1 ден

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија1 ден

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно2 дена

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Досие