Црна хроника
Бугарски државјани украле и се обиделе да продадат бебе во Атина
Четворица Бугари се уапсени во Атина поради основано сомневање дека се обидуваат да продадат едно бебе, пишуваат бугарските медиуми.
Според информациите на медиумите во Бугарија, меѓу уапсените се две жени на возраст од 40 и 54 години и двајца мажи од 38 и 39 години, а грчката полиција трага по уште една Бугарка, поради постоење сомнеж дека е соучесник.
Четириесет годишната бугарска државјанка осомничена е дека го украла двомесечното бебе, кое требало да го причува додека мајката на бебето вадела документи во Конзуларното претставништво на Бугарија во Солун.
Бебиситерката планирала бебето да го продаде за 6.500 евра.
Неколку дена подоцна со 54 годишната сонародничка отишле на нотар, пред кој помладата жена се претставила како мајка на бебето, а постарата како жена која сака да го посвои.
Двајцата уапсени мажи, пак, им се заканувале на родителите да не го пријавуваат случајот во полиција.
Грчките полициски службеници по расчистување на случајот, бебето ќе им го вратат на биолошките родители./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.