Црна хроника
Се обидел да поткупи сообраќајна полиција заради истечена дозвола
Скопската полиција со кривична пријава до обвинителството го предаде лицето М.Ф. (25) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Давање поткуп“.
Имено, на 19 овој месец додека полициски службеник заедно со двајца приправници извршувале службени дејствија, околу 18.30 часот, на раскрсницата на ул. „Христо Татарчев“ и „Божидар Аџија“ пред „Шпаркасе банка“, запреле ПМВ „Фолксваген Голф“ заради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, од пријавениот Ф.М. биле побарани потребните документи и откако му ги дал на полицискиот службеник му кажал дека возилото е со истечена важност на сообраќајна дозвола. По проверката во документите полицискиот службеник утврдил дека навистина сообраќајната дозвола е со истечена важност, по што Ф.М. извадил 500 денари и му ги понудил за да не му пишува казна. Полицискиот службеник го предупредил дека тоа е кривично дело, но Ф.М. му ги ставил парите во сообраќајната дозвола, која била во рацете на полицискиот службеник, по што веднаш бил лишен од слобода и доведен во полициска станица во Кисела Вода. За сторениот сообраќаен прекршок од страна на Ф.М. полицискиот службеник изготвил Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови и му издал Платен налог за наплата на глоба.Со спогодба Ф.М. е осуден на една година затвор, условно за три години. и му е издаден платен налог во висина од 500 евра, во денарска противвредност. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

